Трамп ќе работи на постигнување мир меѓу Израел и Палестинците

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека ќе работи на постигнување мир меѓу Израел и Палестинците, но нагласи дека постигнувањето конечен договор зависи од двете страни.

Трамп на заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, вети дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да произведе нуклеарно оружје.

Тој апелираше до Нетанјаху „малку да запре“ со изградбата на населби на окупираните територии и додаде дека Израелците треба да покажат флексибилност во разговорите со Палестинците.

Од друга страна, според него, Палестинците ќе мора да се ослободат од „омразата што ја учат од мали нозе“.

Како што додаде, новата палестинско-израелска иницијатива може да вклучува и други држави.

Би можело да ве интересира

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени