Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе биде постигна договор, процес за кој рече дека веќе е во тек.
Откако како претседателски кандидат рече дека може да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата, Трамп истакна дека му останува уште половина ден за да ја постигне таа цел. „Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно побрзо. Знаете, војната меѓу Украина и Русија никогаш не требаше да почне“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.
Изборот на Трамп за државен секретар Марко Рубио претходно во понеделникот изјави дека не може да постави временска рамка за завршување на војната меѓу Русија и Украина, но им рече на новинарите дека секоја страна ќе мора да се откаже од нешто, како природен дел од решавањето на каков било конфликт. Тој исто така призна дека Русија е агресорот.
Роберт Вилки, шеф на транзицискиот тим на Трамп во Пентагон, зборуваше за пристапот на Трамп кон војната во Украина. Вилки вели дека Трамп ќе му се јави на рускиот претседател Владимир Путин и ќе му каже да ја прекине војната.
Тој додаде дека Трамп ќе му каже на украинскиот претседател Зеленски дека не направил доволно „затоа што не го повикал мнозинството од своето население под своето знаме“, истакнувајќи дека Зеленски ги изоставил „мажите од населението кои обезбедуваат сила и моќ“. Ако Путин ги отфрли барањата на Трамп за завршување на војната, Вилки наведува дека една од извршните наредби на Трамп ќе ја „отвори енергетската моќ на Америка“.
„Ќе зпочне протокот на американскиот течен природен гас во Европа“, рече Вилки, „а присуството на САД на светскиот пазар на нафта ќе ја намали цената на нафтата – тоа ќе ја банкротира руската економија. Ова ќе создаде огромен притисок врз Путин и воената економија“.