Трамп: Кина, Русија и Северна Кореја не се непријатели ако имате паметен претседател

Од:

Кандидатот на Републиканската партија на американските избори, Доналд Трамп, денеска изјави дека земјите како Русија, Кина и Северна Кореја ќе престанат да бидат непријатели на Соединетите Американски Држави доколку имаат паметен претседател.

– Имаме непријатели надвор од границите на нашата земја: Кина, Русија, Северна Кореја. Но, тие не се вистински непријатели. Ако имате паметен претседател, тогаш тие не ви се непријатели. Можете да ги направите одлични, им рекол Трамп на своите поддржувачи, пренесува Newsmax.

Говорејќи на предизборниот митинг во Вирџинија по првата претседателска дебата, Трамп го исмеваше актуелниот претседател Џо Бајден за неговата „ментална неспособност“.

„Здраво Вирџинија: Дали некој гледаше нешто наречено дебата синоќа? Како што видовте синоќа, победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја. Тој (Бајден) е најкорумпираниот, најнеспособниот претседател во историјата на нашата земја“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп повика на ослободување на обвинетите за нападот на Капитол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Навреди, обвинувања, Бајден несигурен, Трамп агресивен – прв претседателски дуел

Катерина Ѓуровски

Трамп: Странците кои ќе дипломираат на универзитет во САД треба веднаш да добијат „Зелена карта“

Трамп: Зеленски е трговец, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите