Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочарување затоа што, како што оцени, Кина не презема ништо во врска со постапките на Северна Кореја.
I am very disappointed in China. Our foolish past leaders have allowed them to make hundreds of billions of dollars a year in trade, yet…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 29, 2017
– Претходните американски лидери и овозможија на Кина да заработува стоотици милијарди долари од трговијата (со САД), а таа не прави ништо да ни помогне во врска со Северна Кореја, туку само зборива. Нема да дозволам тоа да продолжи и во иднина. Кина може лесно да го реши овој проблем, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
…they do NOTHING for us with North Korea, just talk. We will no longer allow this to continue. China could easily solve this problem!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 29, 2017
Реакцијата на Трамп уследи откако Северна Кореја во петокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел. Тоа беше втор ракетен тест на Северна Кореја овој месец, по лансирањето на ракетата „Хвасонг-14“ на почетокот на јули.