Трамп: Кина ќе нарача 200 авиони „Боинг“

Од:

Кина се согласи да нарача 200 авиони од американскиот производител Боинг, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз во четврток, пренесува Ројтерс.

Во интервју за Фокс њуз, Трамп откри и детали од неговиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг за Иран и Ормутскиот теснец. Според него, Си му рекол дека Кина нема да испраќа воена опрема во Иран и дека сака клучниот воден пат да остане отворен.

„Тој рече дека нема да обезбедува воена опрема. Тоа е голема изјава“, рече Трамп, коментирајќи го односот на Кина со Техеран.

Трамп додаде дека Кина има силен интерес за стабилност во Персискиот Залив бидејќи увезува големи количини нафта од регионот.

„Тој рече дека купуваат многу нафта таму и би сакале да продолжат да го прават тоа“, рече американскиот претседател, додавајќи дека Си „би сакал да го види Ормутскиот теснец отворен“.

„Претседателот Си би сакал да види договор. Тој рече: „Ако можам да помогнам на кој било начин, би сакал да помогнам“, додаде Трамп.

Пекинг сè уште не ги потврдил тврдењата на Трамп. Во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи не се споменуваат Иран или Ормутскиот теснец, туку само се вели дека двајцата лидери разговарале за „големи меѓународни и регионални прашања“, вклучувајќи го Блискиот Исток, војната во Украина и Корејскиот Полуостров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите