Трамп: Ким рече дека по завршувањето на воената вежба ќе престанат и ракетните проби

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му рекол дека ракетните тестови ќе престанат откако ќе завршат здружените вежби САД-Јужна Кореја.

Трамп на Твитер напиша дека Ким во писмото му се пожалил на „апсурдните и скапи“ вежби, како и дека би сакал да се сретне и да преговара откако ќе завршат тие воени вежби.

Северна Кореја утрово лансираше проектил, кој, според јужнокорејските власти, најверојатно е балистичка ракета со кус дострел.

Лансирањето на ракетата имало за цел да го провери капацитетот на новиот тип ракети со кус дострел, која Северна Кореја сама ја разви, како и заради искажување протест поради заедничките вежби на Вашингтон и Сел овој месец, се наведува во соопштението на претседателството на ЈУжна Кореја.

Јужнокорејската војска утрово соопшти дека Северна Кореја лансирала два неидентификувани проектили во морето, недалеку од својот источен брег. По испукувањето на ракетата, во Сеул е одржана средба на првите луѓе на разузнавачката и на безбедносната агенција, како и Министерството за одбран

Би можело да ве интересира

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Захарова: Ако Киев нападне руска територија, тоа ќе биде погубен акт за Западот