Трамп и Ким пристигнаа во Сингапур за историската средба во вторник

Од:

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џон Ун денеска имаше средба со премиерот на Сингапур, Ли Хсијен Лунг, во пресрет на историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи во вторник на островот Сентоса.

Како што пренесуваат светските агенции, Ким на средбата истакнал дека „цел свет го набљудува историскиот самит помеѓу Демократска Народна Република Кореја и Соединетите Американски Држави“, додавајќи дека благодарение на напорите на премиерот на Сингапур ќе завршат подготовките за историскиот самит.

Севернокорејскиот лидер денеска допатува со приватен авион „Боинг 747“ на компанијата „Ер Чајна“ на аеродромот „Чанги“ и по доаѓањето во Сингапур се сретна со министерот за надворешни работи на тој град-држава, Вивиан Балакришнан.

Во Сингапур денеска пристигна и претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидено е Трамп и Ким да се состанат во вторник во 9 часот по локално време. На средбата ќе разговараат за крајот на нуклеарната програма на Северна Кореја и трансформацијата на оваа изолирана земја, која претрпе меѓународни санкции за својата нуклеарна програма.

Средбата во Сингапур ќе ја следат околу 3.000 новинари акредитирани од цел свет.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД