Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Од:

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на новоизбраниот претседател на САД, преку социјалната мрежа „Инстаграм“ му испрати порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во саркастична порака до Зеленски, Трамп Јуниор најави можно намалување на финансиската помош за Украина откако неговиот татко ќе ја преземе функцијата во Белата куќа.

Јуниор со видео на кое се гледа како Зеленски стои до новиот претседател со загрижен израз на лицето.

„Уште 38 дена до губење на џепарлакот“, напиша тој.

За време на кампањата, Трамп Јуниор и новоизбраниот потпретседател Џејмс Дејвид Венс остро ја критикуваа администрацијата на претседателот Бајден за издвојување милијарди долари за воена помош за Украина.

Трамп Џуниор го нарече Зеленски „најголемиот трговец меѓу политичарите“, мислејќи на напорите на Киев да обезбеди дополнителна поддршка од САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за време на Велигден

Масовни протести на Американците против Трамп

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме