Трамп ја објави првата фотографија од уапсениот Мадуро: Во тренерка, со лисици и шише вода во рацете

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави на социјалната мрежа Truth Social фотографија од венецуелскиот претседател Николас Мадуро на американскиот воен брод USS „Иво Џима“.

На фотографијата е прикажан Мадуро во тренерка, со лисици на рацете, шише вода во раката и очила што служат како превез за очите.

Објавата на Трамп следеше по неговата претходна порака во која наведе дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени и се на пат кон Њујорк, по, како што наведе, силните напади извршени на територијата на Венецуела.

Главниот обвинител на Соединетите Американски Држави, Памела Бонди, претходно зборуваше за акцијата на американските сили во која венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга беа приведени. Таа изјави дека обвинението против нив е поднесено во Јужниот округ на Њујорк и дека станува збор за сериозни кривични дела насочени против Соединетите Американски Држави.

Според соопштението, Мадуро е обвинет за заговор за извршување наркотероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување митралези и деструктивни направи, вклучително и заговор за нивно поседување. Бонди рече дека Мадуро ќе се соочи со американската правда пред американските судови, нагласувајќи ја решителноста на Министерството за правда.

Во своето обраќање, Бонди му се заблагодари на претседателот Доналд Трамп за, како што изјави, храброста да побара одговорност, како и на американската армија, која спроведе, според нејзините зборови, исклучително успешна операција за апсење. Таа особено ја истакна улогата на војската во апсењето, нарекувајќи го Мадуро и неговата сопруга меѓународни трговци со дрога.

Мадуро беше обвинет во Јужниот округ на Њујорк уште во 2020 година, но неговото место на живеење беше нејасно до неодамна. Според достапните информации, Трамп го одобрил неговото апсење пред неколку дена, операцијата ја спроведе елитната единица Делта Форс, додека ЦИА, со претходно претседателско одобрение, ја следеше неговата локација во Венецуела со месеци.

Би можело да ве интересира

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Трамп: САД би можеле да извршат уште еден напад врз Венецуела, ние сме главни во таа земја

Горан Наумовски

Данска со порака до САД: Не му се заканувајте на вашиот историски сојузник поради Гренланд

Народот на Венецуела да ја одреди својата иднина: Ставот на ЕУ не го поддржа само една земја членка

Трамп се закани на претседателката што го замени Мадуро

Шпанија ја осуди воената интервенција на САД во Венецуела