Трамп: Иран бара состанок со САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сакаат состанок со САД.

-Можам да ви кажам дека Иран сака да се сретне со нас, рече Трамп доцна синоќа пред новинарите на пат за Балтимор.

Трамп не исклучува ублажување на американските санкции кон Техеран за да се отвори патот за средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Американскиот претседател неодамна кажа дека таквата средба е можна, но иранскиот претседател состанокот го услови со укинување на санцкиите што САД ги воведоа кон Иран.

Тензиите меѓу двете земји се засилини од 2018 година, кога САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно му воведоа санкции на Техеран.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел