Трамп им се закани на демонстрантите кои ќе се појават на неговиот митинг во Талса

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денес дека против демонстрантите кои ќе се појават на неговиот прв предизборен митинг претстојниов викенд во Талса, во мнозински републикански расположената Оклахома, „ќе бидат преземени мерки,“ кои не ги прецизираше.

Трамп истакна дека кон демонстрантите кои ќе упаднат на предизборниот митинг со кој се отвора неговата кампања за реизбор, ќе се постапува многу поинаку, отколку што е тоа случај во другите градови.

„Било кои демонстранти, анархисти, агитатори, крадци или криминалци: ако дојдете во Оклахома, ве молам да разберете дека кон вас нема да се постапува како во Њујорк, Сиетл или Минеаполис. Тоа ќе биде многу поинаква сцена, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот