Трамп и Путин се договориле да ја победат Исламска држава во Сирија

Од:

На маргините на Самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Виетнам се сретнаа претседателот на Русија Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп и потврдија дека се решени да се борат со Исламска држава за конечна победа над организацијата.

Тие повикаа на почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија. Во соопштението се вели дека за конфликтот во Сирија не постои воено решение и дека претседателите се согласиле дека конечното политичко решавање на конфликтот треба да биде во рамки на процесот во Женева и во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН.

Трамп и Путин се договориле за продолжување на користењето на постоечките воени комуникациски канали за осигурување на безбедноста на американските и руските војници, како и за спречување на инциденти со партнерските сили кои се борат против ИД.

Тие ја потврдиле важноста на де-ескалаторната зона во Сирија како привремена мерка за намалување на насилството, а разговарале и за формирање на де-ескалациони зони и во други делови од Сирија.

Двајцата претседатели повикале и на зголемување на хуманитарната помош за Сирија во наредните месеци.

Соопштението било подготвено од експерти од двете земји, а пред Трамп и Путин биле потврдено и од Тилерсон и Лавров.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Tројца технолошки магнати на инаугурацијата на Трамп

(ВО ЖИВО) Свечена инаугурација на 47-ми претседател на САД

Горан Наумовски

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин