Трамп и Абе ја осудија последната нуклеарна проба на Северна Кореја

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и претседателот на САД Доналд Трамп остварија телефонски разговор, откако Пјонгјанг лансираше нова нуклерна ракета, при што ги осудија „континуираните дестабилизирачки провокациски акции“ на Северна Кореја, соопшти Белата куќа.

Американскиот претседател нагласи дека „себе си и своите сојузници Вашингтон ќе ги штити со бројните дипломатски, конвенционални и нуклеарни капацитети со кои располага“.

Двајцата лидери ги осудија континуираните дестабилизирачки провокативни акции на Северна Кореја. Ги потврдија цврстите ветувања на двете земја за заедничката одбрана и ветија дека ќе ја продолжат блиската соработка, стои во соопштението на Белката куќа.

Северна Кореја вчера ја изврши шестата и најсилна нуклеарна проба, посочувајќи дека детонирала унапредена хидрогенска бомба за ракета со голем дострел.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп