Трамп: Хамнеи да внимава што зборува

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му порача на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи да внимава што зборува. Реакцијата на Трамп уследи откако ајатолахот го нарече „кловн“.

– Така наречениот врховен лидер на Иран, кој неодамна не беше така врховен изјави неко грди работи за САД и за Европа. Нивната економија се распаѓа, а нивните луѓе страдаат. Би требало да биде повнимателен со своите зборови, напиша Трамп на Твитер.

Ајатолахот Хамнеи, кој вчера ја водеше петочната молитва првпат од 2012 година изјави дека „западните земји се премногу слаби за да можат да ги фрлат на колена Иранците“, при тоа додавајќи оти официјален Техеран е подготвен да преговара со Западот, но не и со САД.

Тој го нарече Трамп „кловн“, кој се преправа дека го поддржува иранскиот народ но „ќе му забие отровен бодеж“ во грб.

Ајатолахот Хамнеи (80) ја извршува должноста од 1989 година и го има последниот збор во сите главни одлуки.

Би можело да ве интересира

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Новиот премиер на Канада: Подготвен сум за разговори со Трамп за трговските односи

А1он