Трамп: Гугл, Фејсбук и Твитер треба да бидат внимателни

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Гугл, Фејсбук и Твитер да бидат внимателни бидејќи се наоѓаат на многу проблематичен терен.

– Мислам дека тоа што Гугл и другите го прават, ако погледнете што се случува со Твитер, ако погледнете што се случува со Фејсбук, би било подобро да бидат внимателни, бидејќи не можат да им го прават тоа на луѓето… Не е фер кон поголемиот дел од населението, истакна Трамп.

Трамп неодамна го обвини интернетот и социјалните мрежи за политичка пристрасност и цензура, но не даде докази за своите тврдења.

Тој вчера на Твитер напиша дека Гугл „манипулира со резултатите од пребарување во корист на негативните извештаи за него и за другите конзервативци“.

Трамп напиша и дека „96 отсто од резултатите од пребарување на вести за Трамп потекнуваат од „националните левичарски медиуми“, што според него е „многу опасно“.

Гугл денеска го демантираше американскиот претседател наведувајќи дека резултатите никогаш не се рангирани со намера за политичка манипулација

– Кога корисниците пребаруваат во „Гугл“ нашата цел е да во неколку секунди им обезбедиме да добијат најрелевантни одговори. Пребарувањето не се користи за поставување на политички агенди и не покажува резултати врз основа на чија било политичка идеологија. Секоја година правиме стотина подобрувања на нашите алгоритми за да се обезбеди висококвалитетна содржина, се посочува во соопштението на „Гугл“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд