Трамп го укина посебниот статус на Хонг Конг

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша извршната наредба со која се прекинува специјалниот третман на Хонг Конг, откако Кина го донесе новиот контроверзен Закон за национална безбедност, пренесува Би-Би-Си.

-Хонг Конг сега ќе биде третиран исто како и континенталниот дел на Кина, рече Трамп.

Покрај тоа, тој го потпиша и Законот за воведување санкции за кинеските службеници кои ги прекршуваат правата во Хонг Конг, а Кина на ова порача дека соодветно ќе одговори.

Хонг Конг досега уживаше во уникатната слобода што не се гледаше во Кина, но многу граѓани стравуваат дека новиот закон за безбедност, што беше наметнат од Пекинг, ќе ја поткопа оваа слобода.

Трамп додаде дека неговата извршна наредба ќе стави крај на повластениот третман за Хонг Конг.

-Нема посебни придобивки, нема посебен економски третман и нема извоз на специјални технологии, вели Трамп, кој уште во мај за првпат го најави ваков чекор.

Тој, исто така, им рече на новинарите дека го потпишал Законот за автономијата на Хонг Конг, што американскиот Конгрес едногласно го донесе претходно оваа недела.

-Овој закон на мојата администрација и дава моќни нови алатки за одговорно работење на поединците и субјектите вклучени во гасењето на слободата на Хонг Конг, рече Трамп на прес-конференција, додавајќи дека тој не планира да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Би можело да ве интересира

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина