Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да го поддржи израелскиот план за напад на иранските нуклеарни постројки, наместо тоа се одлучи за дипломатски разговори со Техеран, изјавија американски официјални лица и извори запознаени со ситуацијата.

Како што објави Њујорк тајмс, Израел планирал да изврши напади врз иранските нуклеарни локации уште во мај, што значително би ја попречило иранската програма за нуклеарно оружје. Речиси сите планови ќе бараат американска воена помош за нападот да биде успешен.

Сепак, по неколкумесечна дебата во Белата куќа, беше постигнат консензус за приоритет на преговорите, бидејќи Иран покажа подготвеност да се вклучи во дијалог. За време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон на почетокот на април, Трамп го информираше израелскиот лидер дека САД нема да поддржат напад додека траат преговорите со Иран.

Нетанјаху јавно изјави дека секој договор со Техеран мора да дозволи „влез, уништување на објекти и демонтирање на опремата под американски надзор и спроведување“.

Американската војска пресели дополнителни сили и опрема на Блискиот Исток во текот на март и април, вклучувајќи носачи на авиони и системи за противвоздушна одбрана, кои исто така може да се користат за поддршка на израелски напад. На островот Диего Гарсија во Индискиот океан веќе се распоредени бомбардери Б-2, способни да носат бомби со „бункер бустер“. Иако некои високи американски функционери, како генералот Мајкл Курила, беа отворени за разгледување на плановите на Израел, други, вклучително и директорот на националното разузнавање Тулси Габард, изразија загриженост дека таков напад може да предизвика поголем конфликт во регионот, пренесува Танјуг.

Трамп, и покрај неговиот отпор кон сегашниот напад, ја остави отворена можноста за воена опција доколку преговорите со Техеран не успеат.

„Ако е потребна војска, ние ќе ја користиме војската. Израел, се разбира, ќе го предводи патот“, рече Трамп.

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и потпретседателот Џеј Ди Венс ја поддржаа идејата Трамп прво да им даде шанса на преговорите, со можноста за воена акција како последно средство.

Во моментов се водат преговори меѓу САД и Иран, а администрацијата инсистира на тоа дека Иран не може да има нуклеарно оружје и дека сите опции остануваат отворени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија