Трамп го обвини Обама дека му го прислушкувал телефонот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини својот претходник Барак Обама дека му го прислушкувал телефонот во текот на минатогодишната кампања, не понудувајќи никакви докази за ова тврдење, јавија француските медиуми.

„Се обложувам дека добар адвокат може да направи одлучен случај од фактот дека претседателот Обама во октомври го прислушкувал мојот телефон, непосредно пред изборите“, напиша Трамп на својот Твитер профил.

„Колку ниско претседателот Обама паднал за да ми го прислушкува телефонот во текот на светиот изборен процес. Тоа е Никсон/Вотергејт. Лош (или болен) човек“, напиша Трамп во уште еден твит на својот профил.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп