Трамп го нарече севернокорејскиот лидер „човек ракета“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го исмеал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нарекувајќи го „човек ракета“ (Rocket Man), додека советници од Белата куќа предупредуваат дека Пјонгјанг ќе се соочи со уништување доколку не ја прекине својата нуклеарна програма и воените закани.

На прашањето како Трамп го опишува Ким, советникот за национална безбедност на САД, Херберт Рејмонд Мекмастер истакна дека „човек ракета“ е најновиот опис.

Тој сепак предупреди дека „не треба премногу да се прават шеги со ракетите, бидејќи тие претставуваат огромна закана за сите“.

Истовремено, Мекмастер нагласи дека северонокорејскиот лидер „мора да се откаже од нуклеарното оружје, бидејќи претседателот Трамп нема да дозволи тој режим да им се заканува на САД и на американските граѓани“.

На новинарско прашање дали смета дека Трамп може да изврши воен напад врз Северна Кореја, Мекмастер одговори дека „претседателот бил многу јасен оти сите опции се на маса“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски