Трамп до Пелоси: Патувањата ви се откажани, не е примерно да патувате додека владата не работи

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати писмо до спикерот на долниот дом на САД, Нанси Пелоси во кое што ѝ нагласува дека ѝ се откажани патувањата за Брисел, Египет и Авганистан.

Како причина за откажувањето Трамп го наведува фактот што владата не работи.

Dear Madame Speaker…

Posted by Donald J. Trump on Четврток, 17 јануари 2019

– Ќе ја презакажеме оваа седумдневна екскурзија за по отворањето на владата. Во моменти кога 800 илјади Американски работници не земаат плата, сигурен сум дека ќе се согласите оти одложувањето на ова патување за односи со јавност е разумно, пишува Трамп во писмото.

Тој додава дека, Пелоси наместо да патува ќе биде подобро во Вашингтон да се сретне со него и да разговараат за безбедноста на јужната граница.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп