Трамп: Деменцијата на Бајден е неприфатлива за САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека „деменцијата на Бајден е неприфатлива за САД“, повикувајќи се на низа „лапсуси“ што неговиот противник неодамна ги искажа.

“Бајден не можеше да се сети на името на Мит Ромни (републикански сенатор). Мит мора да е возбуден поради тоа. Џо исто така рече дека се кандидира за Сенатот и целосно заборави во која држава се наоѓа”, напиша Трамп на Твитер.

„Џо никогаш не беше еден од добрите момци, па затоа е повеќе од очигледно дека оваа негова деменција станува сè полоша и полоша. Тоа е неприфатливо за САД“, додаде Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски