Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека во сабота ќе стапат на сила царините од 25 отсто за увозот од Канада и Мексико, но дека се уште размислува дали да воведе царини за нафтата од тие земји.

Трамп на новинарите во Белата куќа им изјави дека наскоро ќе биде донесена одлука за царините за нафта, пренесе АП.

Трамп нагласи дека неговата одлука ќе се заснова на тоа дали цената на нафтата што ја наплаќаат двата трговски партнери е праведна.

Според Управата за енергетски информации, САД увезувале речиси 4,6 милиони барели нафта дневно од Канада и 563.000 барели од Мексико.

Дневното производство во САД во тој месец во просек изнесуваше речиси 13,5 милиони барели дневно.

Трамп во четвртокот рече дека земјите од БРИКС ќе треба да се обврзат пред Соединетите држави дека нема да создадат нова валута за блокот што ќе го замени американскиот долар, во спротивно ќе се соочат со царини од 100 отсто.

Трамп, исто така, претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат замена за доларот како светска валута.

Би можело да ве интересира

Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив

Трамп ја повтори желбата Палестинците да се преселат во Египет и Јордан