Трамп: Без мене Хонгонкг ќе беше смачкан за 14 минути

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ја уверуваше американската јавност дека кинеската армија не се замешала во задушување на продемократските протести во Хонгконг само затоа што тој тоа го побарал од својот кинески колега Си Џингпин, пренесоа светските агенции.

-Без мене Хонгконг ќе беше смачкан за 14 минути. Тој (Си Џингпин) има еден милион војници на позиции околу Хонгконг и тие не отидоа во градот само затоа што јас тоа го побарав од него, рече Трамп во телефонско интервју за програмата „Foks and friends“ на телевизијата Фокс њуз.

Американскиот претседател, исто така, во разговорот кажа дека Вашингтон и Пекинг продолжуваат да преговараат за договорот со кој ќе се стави крај на трговската војна меѓу двете земји, што Трамп ја почна против Кина.

-Ќе направите сериозна грешка. Тоа ќе има страшно негативен ефект врз трговскиот договор, му кажал Трамп на Си, доколку дал одобрение кинеската армија да интервенира во Хонгконг против демонстрантите.

„Ние треба да го поддржиме Хонгконг, но јас, исто така го оддржувам и претседателот Си“, додаде Трамп во денешното интервју за Фокс њуз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски