Американскиот претседател, Доналд Трамп на „Твитер“ напиша дека на границата со Мексико ако треба ќе се изгради „човечки ѕид“.
„Неверојатен број на луѓе доаѓа од Мексико во надеж дека ќе ја преплави нашата јужна граница. Испративме уште војници. Ако има потреба ќе изградиме и човечки ѕид. Да имаме прав ѕид, не би се случувало тоа“, напиша Трамп на „Твитер“.
Американскиот Конгрес одбива да го финансира ѕидот на американско-мексиканската граница, поради што делумно е блокирана работата на федералната Влада.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва се враќа во Конгресот за да го одржи свечениот говор за состојбата на нацијата и се обиде да ја искористи оваа пригода за да ги зголеми својот углед и популарноста, пренесуваат американските медиуми. Но, со оглед на отровната политичка клима во Вашингтон и неговиот контроверзен проект за изградба на ѕид на границата со Мексико, тоа ќе биде тешка задача.