Трагедија во САД: Двајца пожарникари загинаа, а петмина се повредени во пожар во Њуарк

Од:

Двајца пожарникари загинаа, а петмина се повредени додека се бореле со интензивен пожар на товарен брод закотвен во пристаништето Њуарк.

Бродот превезувал 1.200 нови и користени возила кога пожарот избил на неговата палуба на ниво 10 околу 22:30 часот по локално време, но брзо се проширил на нивоата 11 и 12, јавува Асошиетед прес.

„Ова не е обичен пожар за градот Њуарк и неговите пожарникари. Ова е поинаков вид на пожар и тие сè уште се подготвени да стават сè на линија“, рече шефот на пожарникарството Руфус Џексон.

Причината за пожарот се уште не е позната. Пристаништето во Њуарк е едно од најголемите пристаништа во САД и е меѓу најпрометните на источниот брег.

Би можело да ве интересира

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници