Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Од:

Две лица загинаа, а три деца се тешко повредени во ужасна сообраќајна несреќа на автопатот А45 во Хесен, Германија, кога автомобил што се движел во спротивна насока удрил во друго возило.

Автомобилот што го возела 34-годишна жена во погрешна насока се судрил челно со возило управувано од 70-годишен маж во близина на Флорштат, соопшти Централната полициска управа, пренесе „Билд“.

– Според првичните сознанија, жената влегла на автопатот А45 на раскрсницата Флорштат (Хесен) околу 1:52 часот наутро во недела, движејќи се во погрешна насока. Неколку минути подоцна, нејзиниот автомобил се судрил со голема брзина со автомобил на пензионер што се движел во правилната лента кон Ханау – соопшти локалната полиција утрово.

Во соопштението се потврдува дека 70-годишен маж од Хаген починал на самото место, додека жената што ја предизвикала несреќата им подлегнала на повредите кратко откако била однесена во болница.

Нејзиниот сопруг (39) и нивните три деца на возраст меѓу десет и 15 години патувале со неа и сите биле тешко повредени, а децата се во критична состојба.

Автопатот А45 бил целосно затворен за сообраќај повеќе од шест часа поради спасувачката операција и полициската истрага.

Би можело да ве интересира

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин