Трагедија во Франција: Шестгодишно девојче почина откако на глава и падна дрвен крст

Од:

Шестгодишно девојче почина откако во неделата во општината Онс и падна на глава двометарски дрвен крст, дознава BFM Lyon.

Трагедијата се случи за време на велигденската миса, во затскриено место каде се собираат верниците. Малото девојче си играло во шаторот, каде имало крст, додека возрасните јаделе.

Откако била повредена од крстот, таа се здобила со сериозни повреди од кои подоцна починала во болница.

Полицијата отвори истрага за убиство од небрежност.

Истрагата продолжува за откривање на точните околности на оваа несреќа.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано