Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Од:

Полицијата во Франција уапси двајца тинејџери под сомнение дека убија 14-годишно момче во петокот во Париз додека се враќало од тренинг.

Според пишувањата на медиумите, осомничените момчиња денеска ќе бидат изведени во обвинителството, а се работи за малолетници од претходно познати на органите на прогонот.

Убиеното момче се викало Елијас. Околу 20 часот додека излегувал од тренинг, го нападнале и му го побарале мобилниот телефон. Кога тој одбил да им го предаде телефонот на ситните разбојници, тие го избоделе. И покрај напорите на лекарите, момчето во саботата им подлегна на повредите во болница.

Полицијата набрзо по инцидентот успеала да ги уапси убијците, момчињата биле на 16 и 17 години и живееле во 14-тиот арондисман. По апсењето им е одредена мерка притвор.

Како што соопштија од обвинителството, осомничените малолетници, родени во мај 2007 и август 2008 година, се стари познаници на судството. Еднаш, во декември 2023 година, беа изречени мерки за кражба и изнуда. Тие беа во судот и на 30 октомври минатата година за насилен грабеж, а судењето за тој случај беше закажано за јуни годинава.

Оттогаш, на двајцата малолетници им е наредено да се воздржат од меѓусебни контакти. Сепак, тие биле заедно кога го нападнале и го избоделе младиот Елиас.

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето