Татко (35) почина, а неговата ќерка (3) е тешко повредена во инцидент што се случи вчера во аква парк во Франција, кога нивниот сплав на надувување полета во воздух среде налетот на силен ветер кој го фрли на околу 50 метри.
Трагедијата се случила во аква паркот „Wonderland“ во Сен-Максимин-Ла-Санте-Бум, во јужниот француски регион Вар, кога татко и неговата ќерка се возеле на сплав долг 15 метри.
Во налет на силен вета, сплавот се крена од водата и заедно со жртвите слете на околу 50 метри. Според истражителите таткото и ќерката доживеале срцев удар.
Итните служби успеале да ги реанимираат таткото и ќерката и да ги префрлат во болница во Марсеј каде ги сместиле на интензивна нега.
За жал, таткото почина од повредите во неделата, а неговата ќерка и понатаму е во критична состојба.
По инцидентот, градоначалникот Алан Деканис на социјалните мрежи објави дека го осудува недостатокот на безбедност во паркот и му оддаде почит на починатиот.
„Во неделата попладне, кога дознав дека има несреќа во паркот „Земјата на чудата“ во Сан Максимилијан, веднаш излегов на местото на настанот“, изјави тој.
Деканис додаде дека обвинителството отворило истрага за инцидентот.