Топлотен бран во Франција: ТВ АРТЕ ја прекина програмата поради прегревање на техниката

Од:

Повеќе од половина од француската територија се наоѓа во ургентна ситуација поради високите темепратури, кои денес исто како и изминатите денови беа блиску или ја достигнаа скалата од 40 степени Целзиусови, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во Стразбур, каде денес се измерени 37° степени, утринава над пет часа во прекин беше програмата на француско-германскиот културен телевизиски канал АРТЕ, поради прегревање на техниката и почеток на пожар.

Пожарот почнал во делот со електричната инсталација, што го прекинало снабдувањето со струја на телевизиската станица.

Денеска во Франција е денот кога масовно се заминува на првата смена од летните одмори, ако се знае дека од вчера сите основни и средни училишта се наоѓаат на летен одмор и дека изнајмувањето на соби почнува вообичаено од сабота до сабота.

За тие што останаа во прегреаните градови, остануваат отворените летни базени и разладувања „кој како ќе се снајде“, најчесто во реките, што некогаш носи и опасности. Имено за само еден ден на истокот од Франција во блиизната на Нанси, две лица го изгубија животот давејќи се во водите на реката Мозел.

Жешкиот бран, кога и во ноќните часови температурите на паѓаат под 22 степни, доведе до појава на нова забава, која досега можеше да се види само во американските филмови. Младите од предградијата на Париз и на северот од Франција ги отвораат пожарникарските хидранти на улиците за да дојдат до вода и да се разладат.

Со оглед на обемот на овој феномен, градоначалникот на Пантан, во парискиот регион, издаде декрет за забрана на оваа нова пракса.

Скриени под капаците на шахтите или видливи на улица црвените хидранти, се користат од страна на пожарникарите за да ги снабдат со вода нивните противпожарни возила при интервенциите. Последниве неколку дена, хидрантите добија друга употреба, или да се претворат во фонтана на улица или да ги полнат импровизираните пластични базени ставени во нивна близина.

Овие “диви базени”, исто така, се појавија и во подножјето на зградите во Нант. Градските власти се загрижени поради необезбедувањето на овие објекти и можноста од несреќи и бара од полицијата да ги отстарни од улиците.

Властите преудпредуваат и на опасност од допир на вака користената вода со електричните подземни водови. Градоначалникот на Пантан, дури предвиде и казна од 9.000 евра за оштетувањ ена хидрантите. Толку впрочем чинат 2.000 кубни литри вода, како и поправка на хидрантитете.

Градоначалничката на Обервилие повикува на совесност, бидејќи користењето на вештачките гејзери води до поплави, намалување на притисокот на водата во висококатниците, како и попречување на сообраќајот.

На некои места каде пожарникарите интервенираа за да ги затворат хидрантите, беа пречекани со фрлање на разни премети, а само во регионот на Лил пожарникарите имаат над сто интервенции за затворање на хидрантите.

Високите температури ќе останат на ова ниво најмалку до средината на идната недела.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано