Тони Блер: Велика Британија е во опасен хаос

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека Велика Британија е во „опасен хаос“, како и неговата Лабуристичка партија ниту дека конзервативците на Борис Џонсон не заслужуваат да победaт на изборите на 12 декември.

– Јавноста не е убедена дека секоја голема партија заслужува изборна победа, изјави Блер.

Велика Британија одржува избори три години порано, бидејќи Парламентот е во „ќорсокак“ поради Брегзит, не можејќи да се договори за тоа како и дали воопшто да ја напушти Европската унија.

– Ние сме во хаос, нагласи Блер, кој беше лабуристички премиер меѓу 1997 и 2007 година.

Блер оцени дека и двете најголеми партии продаваат фантазии и дека доколку изборните анкети се точни, партијата на Џонсон веројатно ќе освои мнозинство.

Тој рече дека неговата партија сега е контролирана од „марксистичко-ленинистичко крило“ и дека нивниот лидер Џереми Корбин ветил револуција.

– Проблемот со револуцијата не е како ќе започне, туку како ќе заврши. Проблемот со револуциите е што тие секогаш завршуваат лошо, рече Блер.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он