Тони Блер со „приватна“ блискоисточната мировна иницијатива

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер потврди дека ќе се врати на „тешката дипломатска мисија“ на Блискиот Исток, но овој пат како „приватно лице“.

Блер ќе покрене нова иницијатива за израелско-палестински мировни преговори, која нема да биде под капата на која било меѓународна организација или група, туку само како негова приватна.

Најавата на Блер за започнување „приватна дипломатска мисија“ доаѓа шест месеци откако тој поднесе оставка на функцијата на специјален пратеник на „меѓународната четворка“ за Блискиот Исток, што ја сочинуваат САД, ЕУ, Русија и ОН.

На оваа функција тој беше од почетокот на јули 2007 година, веднаш по неговото повлекување од премиерската функција во Велика Британија.

Според Блер, неговата приватна иницијатива во регионот ќе биде насочена кон пошироките политички прашања, од оние што ги имаше како претставник на „четворката“.

Неговото враќање на Блискиот Исток се случува во време на серизно затегнати односи меѓу Израел и палестинските власти и бранот насилства на Западниот Брег и во источен Ерусалим.

Млади Палестинци дејствувајќи како „осамени волци“ напаѓаат Израелци, обични граѓани, а пред се доселеници во новоизградените еврејски населби.

Минатиот викенд, Палестинец со огнено оружје застрела татко и син, кои патувале со своето возило кон една од населбите на Западниот Брег, а пет други лица, сите членови на истото семејство, беа повредени.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он