Тони Блер размислува за реактивирање во британската политика

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека размислува за реактивирање во домашната политика.

Во интервју за американскиот неделник „Есквајар“ Блер рекол дека има мотив за тоа, во сегашните состојби во британаката политика, а она за што размислува е дали за него би имало место во политиката.

Како главен повод за размислата за реактивирање, Блер го псочува стравот од претворањето на Велика Британија во еднопартиска држава.

– Британската јавност сега се соочува со изборот меѓу влада за тврд Брегзит и ултра-левичарска Лабуристичка партија, чија политика е надвор од времето и ја враќа земјата во шеесетите годинина 20 век, рече Блер.

Тој се повлече од Даунинг стрит 10, на крајот на јуни 2007 година, по силниот притисок на „браунистите„ во партијата, силно поддржани од левото крило на лабуристите.

Претходно, Блер успеа на трипати, едно по друго да победи на парламентарните избори, што досега не му успеало на ниту еден лабуристички лидер.

Откако во 1994 година, стана лидер на партијата, ги сврте лабуристите од левицата на која дотогаш и припаѓаа, кон центарот на домашната политика, што му помогна да ги добие наредните избор, но предизвика незадоволство кај традициналните левичари во партијата кои инсистираа таа да остане пред се работничка.

Од овие кругови почнаа и првите осуди на интервенцијата во Ирак, а подоцна и на обвинувањата за наводната измама околу одлуката за војната во 2003 година.

Повеќето од левичарските лабуристи и противници на Блер од тоа време, сега се во раководството на оваа британска партија.
Блер смета дека актуелниот лидер Џереми Корбин со своето левичарење никогаш не ке може да ја добие подршката на мнозиинството гласачи, што го означува како ризик за Лабуристичката партија да остане маргинализирана и надвор од власта подолго време.
По јуни 2007 година, Блер целосно се повлече од домашната политика, посоветувајќи се на консалтинг бизнисот и на хуманитарните организации.

– Многу е погрешно што сега во Британија, практично, постои еднопариски систем и затоа, тоа треба да се промени, изјави Тони Блер за „Есквајар“, инсистирајќи дека земјата е оставена без политичкиот центар, состојба што тој ја означува како предизвик за него.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он