Тони Блер не се воздржувал да ужива на трошок на државата

Од:

Британските медиуми објавија дека го „фатиле“ поранешниот премиер Тони Блер како не се воздржувал да ужива на трошок на државата.

Електронската пошта до која дошол весникот „Телеграф“ покажува дека поранешниот премиер удобно се сместил во резиденцијата на Амбасадата на Британија на Филипините и тоа за време на приватна посета на земјата.

Вината за тоа, според британските медиуми, ја сноси и тамошниот амбасадор на земјата, бидејќи го угостил Блер, додека таков третман не би можел да има некој друг Британец. Блер на Филипините добил хонорар од речиси 480.000 евра и тоа за два получасовни говори, но не мораше да ги троши своите „тешко“ заработени пари на скапи хотели, тоа го зел од државата очигледно во надеж дека никој нема да го открие.

Поранешниот премиер на Британија и неговата придружба на тој начин во државен трошок уживале во службената резиденција, во приватната градина, тениските терени и луксузниот апартман.

„Телеграф“ наведува дека врз основа на законот за слобода на пристапот на информации добил е-мејл со преписка во која се гледа и тоа дека Блер во Манила одлетал со приватен авион.

Оваа посета била во 2009 година, две години откако Блер заминал од Даунинг стрит, односно откако е завршен неговиот премиерски мандат.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он