Тинејџерка во Данска обвинета за планирање бомбашки напади

Од:

Данското обвинителство соопшти дека покренало обвинение против 16-годишно девојче за планирање бомбашки напади врз две училишта во земјата, пренесоа американските медиуми.

Обвинителката Лизе-Лоте Нилас изјави дека тинејџерката е обвинета за „изведување подготвителни активности за правење бомби“, користејќи рачно изработен екплозивен материјал. Девојчето посочило дека нејзина цел биле училиште во град западно од Копенхаген и еврејско училиште во престолнината.

Полицијата го спречила нејзиниот план, откако ја уапсило на 13 јануари 2016 година.

За случајот закажан е судски процес, што ќе почне на 7 април во градот Холбек, на северозапад од Копенхаген.

Обвинителството го повлекло обвинението за соучесништво, првично покренато против 25-годишен маж. Адвокатот Михаел Јул Ериксен за американските медиуми изјави дека неговиот клиент, кој двапати бил во Сирија, ќе биде ослободен подоцна денеска.

Идентитетот на девојчето и мажот засега остануваат непознати.

Би можело да ве интересира

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор