Тинејџер се самоуби поради поразот на Бразил на СП

Од:

Тинејџер во Источен Непал изврши самоубиство откако неговиот омилен тим, репрезентацијата на Бразил, беше катастрофално поразена од Германија во полуфиналниот натпревар од Светското првенство во фудбал, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се наведува дека тинејџерот бил во депресија и се обесил во својот дом во селото Бараул, околу 400 километри источно од престолнината Катманду.

Мајката на момчето, Праџа Тапа, го пронашла телото на синот. Тој живеел со мајката и со бабата и дедото, а таткото работел во странство.

Полицијата соопшти дека во тек е истрага и оти ќе биде извршена обдукција.

Бразил изгуби од Германија со резултат 1:7.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

Непал ги зголемува таксите за искачување на Монт Еверест

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница