Тинејџер подметна пожар, две бебиња изгореа живи со родителите во САД

Од:

Гевин Сејмур (19) од Колорадо е осуден на 40 години затвор затоа што подметнал пожар во кој живи изгореле две бебиња и тројца возрасни во својот дом.

Сејмур имаше 16 години кога на 5 август 2020 година подметна пожар во куќа во која загинаа пет членови на едно семејство од Сенегал во Грин Вали Ранч, Денвер.

Сејмур се изјасни за виновен за убиство од втор степен и ја доби максималната казна со која би можел да се соочи на суд, пишува Дејли мејл.

Истрагата утврди дека нападот бил случај на погрешен идентитет при шверц на дрога. Маж, жена и дете го преживеале пожарот скокајќи од прозорец на вториот кат.

Аманду Бег, кој ги загуби сопругата Хасан и шестмесечната ќерка во пожарот, апелираше Сејмур да биде осуден на смрт за злосторството.

„Ова не е правда. Ако може да добие смртна казна или доживотен затвор, тоа би било правда“, изјави тој.

Во пожарот загинаа и братот на Хасан, Џибрил, неговата сопруга Аџа Диол и нивната 22-месечна ќерка Хадија. Нивните тела биле пронајдени на првиот кат од куќата во близина на влезната врата.

Сејмур, кој беше обвинет заедно со тинејџерите Кевин Буи и Дилон Зиберт (19), беше осуден на 40 години затвор со пет години задолжителен условен отпуст.

Сејмур се извини пред судот и рече дека посакува да може да го врати времето назад и да ја спречи трагедијата.

„Нема момент кога не чувствувам огромно чувство на вина и каење за своите постапки… Сакам да кажам колку навистина ми е жал на членовите на моето семејство и на заедницата за целата штета што ја нанесов“, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас