Тимошенко тврди дека изборите во Украина се наместени но нема да ги оспорува

Од:

Поранешната премиерка на Украина, која освои трето место во тесната трка за претседател на државата, тврди дека актуелниот претседател ги лажирал резултатите во негова корист.

Јулија Тимошенко на прес-конференцијата изјави дека претседателот Петро Порошенко, го фалсификуваше гласањето во негова корист.

Но, таа вели дека нема да ги оспори резултатите, бидејќи верува дека судовите се исто така под контрола на претседателот.

Со скоро 99 отсто преброени гласови, комичарот Володимир Зеленски води со 30 отсто од гласовите.

Тоа значи дека новиот претседател на Украина ќе биде избран во втор круг меѓу Зеленски и Порошенко подоцна овој месец.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот