Тимерманс: ЕК не се откажува од еколошките амбиции поради коронавирусот

Од:

Еврокомесарот задолжен за климатските прашања, и потпретседател на Европската Комисија (ЕК), Франс Тимерманс, денеска одговараше на прашањата на европратениците за иднината на Зелениот Пакт на ЕУ во контекст на кризата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тимерманс нагласи дека во ниеден случај Комисијата не се откажува од своите климатски и еколошки амбиции поради здравствената криза, туку дека, напротив, рестартирањето на европските економии може да биде успешно и амбициозно само доколку се заснова на принципите на Зелениот Пакт.

Зелениот Пакт на ЕУ предвидува, меѓу другото, постигнување на климатска неутралност во ЕУ до 2050, преку значително намалување на штетните стакленички гасови и реобмислување на начинот на производство и консумација во сите сектори во ЕУ.

-Сето наше внимание е свртено кон кризата со Ковид-19, но не треба да имаме илузии дека кризите со климата и биодиверзитетот исчезнале, вели Тимерманс.

Потпретседателот на Комисијата смета дека е потребно и возможно “зелено закрепнување“ на економијата.

-Ако сме способни да го мобилизираме инвестицискиот капацитет, потребно ќе ни биде секое евро за да се осигуриме дека секоја инвестиција нѐ води кон новата економија, ако не се свртиме кон одржлива економија базирана на Зелениот пакт, ќе фрламе пари во старата економија, која ќе се врати, но нема да имаме средства за новата економија, и ќе бидеме двојни губитници, ова мора да се избегне по секога цена, рече Тимерманс.

Европската Комисија смета дека за економското закрепнување од оваа криза ќе треба да се гледа на долг рок со одржлив еколошки план кој ќе испорача и работни места и економски раст. Тоа подразбира инвестиции во обновливите и чисти енергетски ресурси.

Тимерманс смета дека земјите членки треба да се фокусираат на зајакнување на принципот на циркуларна економија, со што ќе се зголеми отпорноста на европските економии преку намалување на зависноста на ЕУ од други партнери, а истовремено тоа може да обезбеди нови работни места, инвестиции во здравство.

-Климатската неутралност до 2050 е дефинирана од страна на ЕУ и Комисијата предлага ова да стане водилка за сите, за бизнисите, за граѓанското општество, да покажеме дека нашиот пак кон неутралност е неотповиклив, нагласи еврокомесарот за климатски прашања.

ЕК е уверена и дека нејзините климатски амбиции ќе ја зајакнат и улогата на ЕУ на глобалната сцена, а повеќе други земји веќе изразиле интерес да го следат истиот пат, рече Франс Тимерманс, како на пример Јужна Кореа која подготвува своја верзија на Зелениот пакт.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска