Тилерсон: Реална е заканата од Северна Кореја за нуклеарен напад врз Токио и Сеул

Од:

Заканата од нуклеарен напад врз Јапонија и Јужна Кореја од Северна Кореја е реална, изјави денеска пред Советот за безбедност на ОН, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

– Заканата од севернокорејски нуклеарен напад врз Сеул и Токио е реална и веројатно само прашање на време е кога Северна Кореја ќе развие капацитети за извршување напад на територијата на САД, изјави Тилерсон, кој претседаваше со вонредна седница на Советот на министерско ниво.

Тој додаде дека „сите опции за одговор на идни провокации треба да останат отворени на маса“.

– САД не се стремат кон смена на режимот во Северна Кореја, нагласи Тилерсон.

Според него, сега е време за нов притисок врз Северна Кореја за да се откаже од опасното однесување на властите.

Тилерсон повика за нови санкции против Пјонгјанг и предупреди дека ако СБ на ОН не преземе акција против севернокорејската програма за вооружување, тоа ќе има катастрофални последици.

– Неопходно е меѓународната заедница да продолжи со засилена финансиска изолација на Пјонгјанг, повика Тилерсон.

Би можело да ве интересира

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите