Виетнам се надева дека ќе пресретне нов бран на Ковид-19 со тестирање на сите жители и со воведување нови мерки за социјална дистанца во градот Хо Ши Мин. Ова е реакција на новиот кластер поврзан со религиозна мисија.
Виетнам беше релативно успешен во борбата со коронавирусот, но последните неколку седмици се повеќе се зголемува бројот на нови случаи.
Во текот на викендот, официјални лица предупредија на нов и „многу опасен“ хибриден сој откриен во земјата.
Според здравствените власти новата варијанта е комбинација од соевите откриени во Индија и во Велика Британија и велат оти многу лесно се пренесува преку воздух.
Во Виетнам имаше вкупно 7.000 случаи на Ковид-19 и 47 почнати, но во последниот период новопријавените заразени се повеќе од половина од сите досегашни заболени.
Во Хо Ши Мин се пријавени 125 нови случаи поврзани со христијанска мисија. Сите што живеат во близина на мисијата се веќе тестирани и се во локдаун.
Надлежните планираат да ги тестираат сите 13 милиони жители на градот. Дневно ќе бидат тестирани по 100 илјади луѓе.