Најмалку 18 лица загинаа, а 16 се повредени во судир на минибус и автобус со аџии во западен Сенегал, јавија официјални лица.
Во последните два дена, загинаа 26 лица во сообраќајни несреќи, вклучувајќи и членови на сенегалското Муслиманско братство Муриде кои оделе во Туб на годишен аџилак, пренесе агенцијата АФП.
Повредените се хоспитализирани во градот Тиес, западно од престолнината.