Тереза Меј се уште сака брегзит да се случи на 29 март, но нуди и алтернатива

Од:

Британската премиерка Тереза Меј во статија за „Дејли мејл“ пишува дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ ако пратениците не паничат.

– И покрај несогласувањата во Парламентот, убеден сум дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ. За време на разговорите со раководството на ЕУ и лидерите на сите земји од ЕУ, сфатив дека сите сакаат да се склучи договор за излез на Велика Британија од ЕУ, пишува Меј.

Таа информира дека се подготвуваат детални планови за да може Парламентот да одигра јасна и сериозна улога во следната фаза од преговорите за идните односи на Велика Британија и ЕУ.

– Убедена сум дека може да се постигне договор. Во вторникот, во Парламентот реков дека пратениците можат да гласаат најдоцна до 12 март за договорот постигнат со ЕУ. Убедена сум дека ќе го одобрат договорот. Но, со оглед на тоа што многу од пратениците се плашат дека останува малку време и нивниот став нема да се слушне, дадов уште две ветувања: ако пратениците го отфрлат договорот постигнат со ЕУ, ќе им биде дадена можност да одобрат или отфрлат излез на Велика Британија од ЕУ на 29 март без никаков договор. Ако Парламентот отфрли излез без договор, тогаш Владата ќе им предложи на пратениците да одобрат привремено одложување на датумот за Брегзит. Ако пратениците во Парламентот се согласат со ваква мерка, Владата ќе се обиде да обезбеди согласност од ЕУ, пишува Меј.

Таа истакнува дека не сака да го промаши датумот и оти британските политичари се должни да ги насочат сите напори кон постигнување договор за земјата да излезе од ЕУ на 29 март, со цел и бизнисите и граѓаните да се уверат во она што ги чека во иднина.

– Сакаме идеален договор со ЕУ, кој ќе ни овозможи да одржуваме блиски односи со нашите најблиски соседи и при тоа ќе ни дозволи да ги користиме нашите таленти и ресурси за да развиеме нови односи со растечките економии ширум светот, пишува Меј за „Дејли мејл“.

Во исто време весникот „Фајненшл Тајмс“ во редакциски коментар пишува дека после неколку години, во кои Тереза Меј тврдеше дека Брегзит ќе се случи кон крајот на март, сега таа неочекувано предлага друг датум.

– Тоа треба да се поздрави, затоа што дебатите за односите со ЕУ можат да станат порационални, пишува весникот но сепк додава дека одложувањето на Брегзит за само неколку месеци нема ништо да реши.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно