Теплиц: Можни се нови напади на Шри Ланка

Од:

Амбасадорката на САД на Шри Ланка, Алајна Теплиц изјави дека Вашингтон верува оти е можно членовите на екстремистичката група осомничени за нападите на Шри Ланка на католички Велигден се во бегство и оти планираат нови напади.

– Веруваме дека заканата од терористите и понатаму постои и оти е можно да има и такви кои планираат напади. Можно е да се во бегство активни членови на групата, која ги изврши терористички напади на Велигден, посочи Теплиц.

Таа додаде дека „САД имаат причина да веруваат дека групата не е во целост неактивна и оти активно планира напади“.

Во нападите врз цркви и хотели на 21 април на Шри Ланка загинаа над 300 луѓе. Одговорност за нападите презеде Исламска држава, а Владата на Шри Ланка прогласи вонредна состојба и по нападите приведе над 150 осомничени.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска