Телевизиски новинар суспендиран поради лажно информирање

Од:

Еден од најпопуларните водители во САД и водечки новинар на информативната програма на американската телевизија Ен-Би-Си, Брајан Вилијамс, е суспендиран од страна на управата на компанијата, откако призна дека во една прилика лажно информирал.

Во еден свој извештај од Ирак од пред 12 години, Вилијамс на гледачите во САД им тврдел дека е изложен на силен оган од непријателот, додека со група американски војници летал во воен хеликоптер.

Подоцна, тој многу пати повторувал дека се наоѓал во хеликоптер, што бил погоден од непријателски оган и потоа се урнал на земјата, но се покажа дека ништо од сето тоа што го зборувал овој репортер не било точно.

Ваквата постапка на еден врвен новинар и водителска ѕвезда предизвика големо изненадување во САД.

Лажниот извештај на Вилијамс се претвори во една од водечките теми во бројни телевизиски дебати на кои се зборуваше за тоа колку во иднина ќе може да им се верува на репортерите и каков ќе биде ефектот врз новинарството „во живо“ и посебно врз вестите на Ен-Би-СИ, по признанието на најпознатиот новинар дека ги излажал гледачите.

Вилијамс, прво призна дека неговиот извештај од Ирак „не бил точен“ и за тоа ја обвинуваше својата „лоша меморија“, но под притисок на јавноста минатата недела јавно им се извини на гледачите и најави дека сака „да се одмори извесно време“ од телевизијата и работата.

Бранувањето во јавноста со тоа не се смири, па оваа угледна американака тв компанија одлучи да го казни својот главен новинар-водител, суспендирајќи го од работа на шест месеци, без да прима плата за време на издржување на казната.

Лажното информирање го открија воените ветерани на кои „им се смачило“ од приказните на Вилијамс ,дека едвај спасил глава на почетокот од ирачката војна“.

– Жалам другар што ова ти се случува, но јас навистина не се сеќавам дека некогаш си бил во мојот хеликоптер. Се сеќавам само дека кога леталото се приземји, ме прашуваше што се случило, изјави главниот пилот на хеликоптерот за кој Вилијамс зборувал во својата „воена приказна“ од фронтот.

Леталото навистина било погодено, па пилотот со голем напор успеал „некако да се приземји“, но во него не бил репортерот на Ен-Би-Си, кој целата приказна ја направил од она што му раскажал пилотот.

– Со својата постапка, Вилијамс ја загрози довербата на милиони американски гледачи на вестите на Ен-Би-Си, рече извршниот директор на компанијата, оправдувајќи го строгото казнување на нивниот водечки новинар и водител.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас