Телеграф: Германците ја напуштаат Меркел

Од:

Повеќе од илјада Германци ја напуштиле владејачката коалиција на Ангела Меркел за да се придружат на новата евроскептична партија, објави Телеграф.

– Владата тврди дека нема алтернатива за нивната политика. Еве, сега ја има, вели Бернд Лук основач на Алтернатива за Германија.

Таа партија повикува на укинување на еврото и планира анализи за растечкото незадоволство заради трошоците за кризата во јужна Европа.

Новата партија сега има околу 8.000 членови – 1.200 се од Христијанските демократи, баварските Христијанска социјална унија и Слободни демократи, најмлади партнери во коалициската влада.
Алтернатива за Гермнаија има поддршка и од поранешните социјални демократи и многумина на кои тоа им е прва политичка припадност.

Лук вели дека новата партија е изборна закана за Меркел и додава дека нема да влезе во коалиција со ниту една партија која го поддржува еврото.

– Дали некој верува дека луѓето прифатиле идеја да платат стотици милијарди евра за лошо управување во други држави во еврозоната? – запраша Лук на конгрес на партијата во Берлин.

– Не, волјата е јасна – нема одговорност за странските долгови. Ова евро, ова евро обременото со долгови не го сакаат луѓето, наведе Лук.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад