Телефонски разговори на Макрон со Трамп и со Меј

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп и со британската премиерка Тереза Меј, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Макрон „ја поздрави одличната координација“ со САД и Велика Британија, кои заедно со Франција синоќа изведоа напади врз цели во Сирија, како одговор на наводниот минатонеделен хемиски напад во Дума.

– Сега (Советот за безбедност на Обединети нации) повторно треба да преземе иницијатива (за Сирија) на политички, хемиски и хуманитарен план, наведе Макрон.

Претходно, францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатр најави дека наскоро Франција заедно со американските и британските партнери ќе поднесе предлог резолуција до СБ за излез од „сирискиот ќор сокак“. Според неименуван француски дипломат текстот предвидува создавање на механизам за истрага на хемиски напади, неограничен хуманитарен пристап и иницирање на нова динамика на мировниот процес во Женева.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски