Телефонски разговор Обама-Трамп: Двете страни задоволни од текот

Од:

Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараше со неговиот наследник Доналд Трамп, соопшти доцна синоќа Белата куќа.

Според портпарлот на Белата куќа, Ерик Шулц, разговорот бил „позитивен и фокусиран кон обезбедувањето на непречна и ефикасна тразиција“ на власта.

Шулц нагласи дека Обама и Трамп се договориле нивните тимови да породлжат да работат заедно се до инаугуративната церемонија на новиот претседател на 20 јануари.

Трамп од своја страна на Твитер објави дека имал „одличен телефонски разговор“ со Обама.

Како што јави ДПА, разговорот уследи откако претходно Трамп обвини дека неговиот транзициски тим наидува на пречки од страна на Администрацијата на Обама.

Обвинувањата уследија откако Обама изјави дека доколку тој се натпреварувал за нов претседателски мандат ќе ги победел Трамп. На ова Трамп одговори дека прави „се што е можно да не обрнува внимание на провокативите изјави на претседателот Обама, и на пречките што тој ги поставува“.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп