Тексас: Патничката на крузерот нема ебола

Од:

Крузерот, кој исплови од Тексас на 12 октомври, а властите во Белизе и во Мексико не му дозволија да влезе на нивна територија, поради сомневање дека на него се наоѓа лице заразено од ебола, денеска се врати од каде што исплови, а американските медиуми објавија дека патничката е тестирана и нема ебола.

На бродот се наоѓа медицинска сестра од тексашката Презбитеријанска болница во Далас, во која беше лекуван првиот пацеит, кој во САД почина од ебола, Томас Ерик Данкан.

Медицинската сестра, која доброволно се изолирала во својата кабина за да ги заштити останатите патници на крузерот на компанијата „Карнивал Круз Лајнс“, ракувала со примероци од крвта на Данкан, кој почина на 8 октомври.

Американските власти сакаа да ја префрлат жената од бродот на копно за да можат да ја вратат со авион во САД, но властите на Белизе и Мексико одбија да им издадат дозвола за вкотвување на бродот, за да ги заштитат сопствените граѓани од можното ширење на ебола.

Медицинската сестра досега немала никакви симптоми на болеста, иако минале 20 дена откако таа ракувала со примероците од крв, соопшти Белата куќа. Периодот на инкубација на ебола изнесува 21 ден.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина