Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“

Од:

Иранските вооружени сили остануваат во целосна борбена готовност и покрај актуелните разговори за прекин на огнот со Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на иранската армија, бригадниот генерал Мохамед Акраминија.

Тој порача дека Техеран нема доверба во Вашингтон, обвинувајќи ги САД дека и претходно ги прекршувале дипломатските процеси со воени акции.

„Од првиот ден на прекинот на огнот кажавме дека на непријателот не му веруваме. Американците двапати нè нападнаа додека се водеа преговори, поради што нивните намери не можеме да ги сметаме за искрени“, изјави Акраминија.

Според него, иранските копнени сили се распоредени долж сите граници, додека противвоздушната одбрана и воздушно-космичките сили на Исламската револуционерна гарда се во состојба на целосна оперативна подготвеност.

Тој исто така тврдеше дека иранските сили успешно извршиле напади врз американски воени бази во регионот, вклучително и цели во Ербил, како и дека американските воени бродови не успеале да поминат низ Ормускиот Теснец за време на последниот конфликт.

Најголемо внимание привлече неговата најава дека Иран планира дополнително да ги модернизира своите вооружени сили.

„Имаме големи домашни производствени капацитети, но паралелно ќе работиме и на набавка на современа воена опрема од странство. Имаме сериозни планови во двете области и ќе купуваме напредна опрема од пријателски земји“, рече Акраминија, без да прецизира од кои држави Иран планира да набавува оружје.

Неговите изјави доаѓаат во период на зголемени регионални тензии и неизвесност околу идниот тек на преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД